Во Богданци отворена седмата Меѓународна графичка работилница „Софија“

Од:

Во Богданци, традиционално по седми пат, е отворена Меѓународната графичка работилница „Софија“.

Годинава на работилницата, која е во организација на Здружението на граѓани „Графичка работилница „Софија“ Богданци“, учествуваат 18 уметници – графичари од државните ликовни академии во Скопје, Белград, Нови Сад, Сараево, Љубљана, Загреб и Софија.

Според организаторите, целта на собирот е на младите и талентирани автори да им се овозможи размена на искуства и услови за реализација на нивните дела, бидејќи графиката како специфична техника е помалку застапена во целиот регион.

Ментор на годинaшнава работилница, која е отворена вчера, е Аница Радошевиќ, редовен професор на Академијата за уметности во Нови Сад.

Завршната изложба ќе се одржи на 2 септември во галерискиот простор на Печатница „Софија“ во Богданци, а во текот на наредните месеци се предвидени изложби во повеќе градови низ Македонија.

Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година. Досега во нега учествувале над 100 млади графичари од целиот регион, а улогата на ментори ја имаа истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија, Србија и од Хрватска.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска