НУ Центар за култура-Битола вечер организира новогодишен џез концерт „Приказна за еден град” на кој ќе настапат Џон Илија Апелгрин, Оливер Јосифовски, Дамир Имери, Славчо Коцев, Ади Имери, Сенад Хусеин, Рики Трајановски и Демир Кантуровски.
Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека влезниците за концертот се продадени, а пред почетокот на културниот настан ќе биде отворена изложба на уметнички скулптури изработени кои ќе бидат изложени во фоајето на Центарот за култура.