Во Битола отворена изложбата „Кинески хороскоп“ од уметницата Татјана Манева

Од:

НУ Завод и Музеј-Битола и друштвото за македонско-кинеско пријателство синоќа во битолската „Магаза“ ја промовираа изложбата „Кинески хороскоп“ на младата уметничка, сликарка и графичарка Татјана Манева.

Изложбата за отворена ја прогласи амбасадорот на НР Кина во Република Македонија Вен Џеншун кој нагласи дека културниот настан во Битола е составен дел на манифестациите што неговата држава ги посветува на националниот празник 65 години Народна Република Кина.

– Изложбата е прекрасна, содржи дела на една млада битолчанка која сликала на тема „Кинески хороскоп“ и која на мајсторски начин ги презентира карактеристиките и симболите на кинеската култура. Преку оваа изложба битолчани, но и другите македонски граѓани ќе дознаат и научат многу повеќе за Кина и за нејзините посебности. Но, она што исто сакам да го кажам дека односите меѓу Република Македонија и НР Кина во овој момент се историски најдобри, и ќе додадам еден од најголемите светски економски партнери, но не само во економијата, туку и во културата, образованието, науката и други сфери, посочи амбасадорот Џеншун.

На синоќешното отворање на изложбата „Кинески Хороскоп“ обраќање имаше и градоначалникот Владимир Талески кој нагласи дека соработката со НР Кина е потврдена и на локално ниво бидејќи Битола веќе воспоставила контакт со кинескиот град Нинбо, а делегација на тој град ќе престојува во Битола на 4 ноември, на денот на празникот на градот.

– Нашиот град е составен дел на убавите страници што ги пишуваат Република Македонија и Народна Република Кина. Оваа изложба доближува и зближува, а тие контакти ние ќе ги прошириме со нашите пријатели од кинескиот град Нинбо со кои наскоро, на 4-ти ноември ќе се сретнеме на денот на празникот на нашиот град, потврди Талески.

Татјана Манева синоќа во Битола ја приреди својата 26-та по ред авторска изложба, а најновите 12 дела на тема „Кинески хороскоп“ наскоро ќе ги промовира и во НР Кина.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска