Во Битола концерт на студентскиот симфониски оркестар од Утрехт, Холандија

Од:

Во Битола вечер концерт ќе одржи најстариот симфониски оркестар од Холандија, познатиот „Студентски оркестар“ од Утрехт, основан во 1823 година.

Концертот е во рамки на „БитФест“ и претставува ретка можност да се слуша оркестарот кој  во 1998 година беше регистриран и во Гинисовата книга на рекорди, информираат од општина Битола кои заедно со амбасадата на Кралството Холандија се заеднички организатори на вечерашниот културен настан во овој град.

– Во студентскиот симфониски оркестар настапуваат 90 членови кои свират во познатите музички сали низ цела Холандија, меѓу кои и салата на Кралскиот Концертгебау во Амстердам. Младите музичари секоја година одржуваат и по еден концерт во странство, а оваа година за своја дестинација ја одбраа Македонија. Во последниве неколку години настапуваа во Литванија, Полска, Германија, Мароко и во Унгарија со продукцијата на “Das Rheingold” од Вагнер, на крстарење со брод по реката Рајна, а по повод 190 годишнината од формирањето на оркестарот, информираат од прес центарот на „БитФест“.

Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт, вечерашниот концерт ќе го одржи во пациото на битолскиот Музеј.

Би можело да ве интересира

Инцидент во детска градинка во Битола

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

„Ние, луѓето“-премиера