Во Битола дизајниран „Ѕид на уметноста“

Од:

Група млади дизајнери во соработка со НУ Народен театар-Битола денеска дизајнираа и креираа „Ѕид на уметноста“ посветен на првото издание на „Битола Шекспир фестивал“ што од 19 до 25 јули ќе се одржува на театарските сцени во Хераклеја и Центарот за култура.

На ѕидот на уметноста презентирани се театарски плакат со најголем дел од претставите на Шекспир одиграни на сцената на Битолскиот театар, пораки од артисти, театарски наслови и фестивали посветени на Вилијам Шекспир во светот.

– Битолскиот театар со 21 претстава е рекордер по бројот на одиграни театарски претстави на Шекспир во Република Македонија. Ѕидот на уметноста кој е во непосредна близина на Клубот на актерите ќе биде осветлен, грижливо ќе се чува и одржува, но и обновува со нови содржини. Тука е плакатот за претставата „Ноќ спроти водици“ од 1983 година, театарски плакат од други периоди на театарот, катче посветено на починатиот режисер Владо Цветановски, и други креации, посочуваат од НУ Народен театар-Битола.

Во пресрет на првото издание на „Битола Шекспир фестивал“ кој се одржува под покровителство на Министерството за култура, а во рамките на „БитФест“ утре во Битола ќе се одржи прес конференција на која ќе говори директорот Валентин Светозарев.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска