Во Берово изложба на колекцијата на слики на Славе Сирачевски

Од:

Во Бизнис-инкубаторот во Берово синоќа се отвори изложба на ликовните дела од колекцијата на Славе Сирачевски, сопственик на хотелот „Аурора“ и голем љубител на ликовната уметност.

Во неговата колекција се застапени дела од најголемите македонски, но и голем број дела од светски автори, а меѓу изложените ликовни дела се делата на Никола Пиеманов, Ниче Василев, Ставре Димитров- Стабин, Симонида Филипова, Павле Кузмановски, Доне Милјановски, Новица Трајковски, Петар Попчев, Касиопија Наумовска, Емил Шилајковски, Тони Шилајковски од Македонија и ликовните уметници Петар Белјашки и Бонев од Бугарија.

– Ние сме колекционери, имаме доста слики, некаде повеќе од 500 кои се од врвни автори и се изложени во нашит комплекс, во ресторантскиот дел во галеријата. Инаку, кај нас доаѓаат авторите и ние им создаваме услови да творат. До скоро повеќе ги негувавме македонските сликари, но од лани веќе соработуваме со автори од Бугарија и од Србија, а работиме на интернационално ниво, рече Сирачевски.

Ова е прва изложба на колекцијата уметнички дела од Сирачевски, на која е изложено 21 дело.

Изложбата е во рамките на проектот „Берово град на културата за 2017 година“, а во соработка на општина Берово со хотелскиот комплекс „Аурора Ресорт и Спа“.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски