Во Берлин презентација на проектот „Креативни викенди“

Од:

Во галеријата Прима центар во Берлин, денеска ќе се одржи годишна презентација на четвртата сезона Креативни викенди што се одржуваат во селото Лазарополе, а чија примарна цел е вмрежување на македонските културни и уметнички сцени.

На самиот настан координаторите на проектот Јован Ламбески и Тони Димитров ќе го објаснат концептот на проектот Креативен викенд, а покрај презентација на минатите изданија на проектот и претставување на идеите за следните работилници, публиката ќе има прилика да погледне и фотографии, цртежи, видеа, слики, да чуе поезија, кои произлегоа како резултат на претходните изданија на креативните викенди. Публиката ќе има можност воедно и да се запознае со тоа како поминаа презентациите на проектот кои се одржаа во Белград, Париз, Уден и Скопје.

Главната цел на презентацијата е вмрежување со интернационални артисти, пред се од Берлин, центарот на современите уметнички текови и најмоќната сцена за уметност во моментот.

Покрај презентацијата во галеријата ќе може да се чуе и звучната инсталација „Страв од музика“ на Тони Димитров, чиј дел е снимен во Лазарополе.

Делото поставува едно клучно прашање во современата уметност и ја опсервира реалацијата меѓу уметноста или звукот. Современата уметност е масовен феномен, меѓутоа додека пошироката јавност нема проблеми со прифаќањето на авангардната и експерименталната уметност, сепак, постои масовен отпор кон авангардната и експерименталната музика, иако и двете се појавени во исто време и под слични околности – и покрај фактот што музичарите и уметниците прават постојани обиди да се воспостави синестезија  помеѓу двата медиуми. Дејвид Стубс тој процес го нарекува „страв од музика“.

Делото е претходно поставено во Париз, Уден, Скопје и Виница, а во Берлин ќе биде поставено и продолжението на звукот работен во Уден, Холандија.

По Берлин  презентација на четвртата сезона Креативни викенди се планира да се одржи и во Мадрид.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска