Во Берлин и Белград две награди за „Крајот на времето“ на Манчевски

Од:

Краткометражниот филм „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски, кубанско – американска копродукција, освои две престижни фестивалски награди: Награда за најдобар ненаративен филм на Берлинскиот фестивал на експериментален филм и награда на најстариот балкански фестивал на алтернативен и експериментален филм Белград Алтернативи.

Во своето образложение за наградата жирито во Берлин вели: „Кристалниот минимализам и супериорната едноставност на филмот се навистина потресни”.

Белградското жири пак во образложението на наградата вели: „Филмот има визуелен магнетизам, формално е заокружен и одлучен, со јасен став и очигледно занаетско мајсторство”.

„Крајот на времето“ претходно ја освои наградата Елен на еден од најреномираните фестивали за краток филм во Аспен, Колорадо, како и награда на чешкиот фестивал на документарен и експериментален филм Јихлава.

Манчевски го сними „Крајот на времето“ минатата година во Куба, каде што гостуваше како професор на државната филмска академија, а постпродукцијата ја заврши во Њујорк. Директор на фотографија е Алан Лопез Мартинез, монтажер Кристина Поженел, композитор и автор на тонскиот дизајн е Игор Василев – Новоградска, а автор на визуелните ефекти Мишо Ристов. Македонија не е учесник во овој филм.

Филмот досега беше претставен на триесетина фестивалиниз целот свет (Палм Спрингс, Богота, Монтекатини, Сент Луис, Сао Паоло, Бафало, Оаксака, Токио,) и во неколку галерии (Буенос Аирес, Шангај), а продаден е за дистрибуција прво во Јапонија, а од јануари и за остатокот од светот.

Во Македонија филмот премиерно беше прикажан на фестивалот „Браќа Манаки“, а играше и на Култиватор во Кино Карпош.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ