„Во безидејност и поради хаосот во партиското раковдство СДСМ го тера Алаѓозовски да ги повторува истите прес конференции со лаги и манипулации.
Очигледно Алаѓозовски го почнува вториот турнус лаги, воден од гебелсовата максима стопати повторена лага да се направи вистина.
Тој покажува елементарно непознавање на фунционирањето на државните институции и легислативата за темата за која зборува.
Обиди на некомпететниот Алаѓозовски за политизирање на тема култура се навреда и за граѓаните, но пред се на стручната јавност кои со години наназад се вклучени и посветено работат на локалитетот Скупи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Роберт Алаѓозовски.