Владимир Четкар ќе настапи на џез-фестивал во Тајланд

Од:

Џез-музичарот Владимир Василевски-Четкар на 9-ти и 10 декември ќе одржи два концерта на Thailand Smile Jazz Festival на тајландскиот остров Самуи, кој е меѓу најголемите музички фестивали во тој дел од Азија.

За Четкар тоа ќе биде трета турнеја по ред оваа година во Тајланд. Тамошните медиуми македонскиот музичар го издвојуваат како еден од најквалитетните интернационални артисти кој со својата работа ги „ревитализирал асид џез, фанк соул и диско жанровите“.

На концертите Четкар повторно ќе се претстави со комплетна авторска музика, а ќе биде придружуван од популарниот тајландски џез фјужн состав Фанкшн (Function).

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска