Винскиот музеј од Кавадарци ќе го одбележи „Свети Трифун“

Од:

Со уметност, музика и дегустација на вино, Винскиот музеј од Кавадарци денеска ќе го одбележи верскиот празник „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.

Директорката на Музејот, Весела Честоева, информира дека ќе бидат доделени и награди за најдобри вина и ракија, натпреварување што го организира Здружението „Винотек” во соработка со Музејот.

На програмата се и театарска претстава, поетско читање и ликовна изложба на Лазар Дојчинов, а ќе биде промовирана и веб страница на музејот. Најавен е и музички хепенинг со „Акустико бенд”.

Настанот се организира под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Горан Наумовски

33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа