Викендов на Охридско лето- концерт на пијанистката Злата Чочиева

Од:

Фестивалот „Охридско лето“ за љубителите на уметноста викендов носи ново музичко доживување преку настапот на младата руската пијанистка со светска слава, Злата Чочиева.

Фестивалската публика ќе ужива во музицирањето на пијанистката која предизвика меѓународно внимание со своите високо-вреднувани снимки на дела на Шопен и Рахманинов, истакнувајќи ја како препознатлив глас кај пијанистите со длабок афинитет кон овие композитори.

На програмата се дела од Сергеј Рахманинов, Александар Скрјабин, Фредерик Шопен и Франц Лист.

Билетите по цена од 150 денари можат да се набават во Дирекцијата на Охридско лето и пред почетокот на концертот, на самиот влез од црквата „Света Софија“.

Kонцертот е на 3 март (недела) со почеток во 18 часот.

Претходно, во рамките на концерти кои Фестивалот ги организира надвор од стандардниот термин 12 јули- 20 август, беа настапите на српските солисти Александра Петровиќ и Стеван Каранац, пијанистот Емануеле Арчиули и концертот на руските уметници пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма