Во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“, а под покровителство на Австриската амбасада денеска во Скопје традиционално по 14. пат ќе се одржи Виенскиот бал.
Виенскиот бал во Скопје е културно-музичка манифестација што ја потврдува македонско-австриската соработка на полето на културата и уметноста.
На балот годинава ќе настапат стотина врвни уметници.