Видеоинсталацијата „Граѓани“ на Тања Балаќ на фестивал во Венеција

Од:

Видеоинсталација „Граѓани“ на ликовниот уметник Тања Балаќ влезе во официјалната селекција на фестивалот „International ArtExpo – Future Identities – Bodies . Places . Spaces“, кој ќе се одржува  во Венеција од 31 август до 2 септември.

Инсталацијата „Граѓани“, која минатата година беше премиерно прикажана на голем видеоскрин  на плоштадот „Македонија“, во Венеција е селектирана во категоријата видеоарт.

Видеоинсталацијата трае 4,5  минути. Во неа авторката дава свој поглед на општествено ангажираната уметност во јавниот простор и го отвора прашањето дали скринот како симбол на потрошувачкото општество и ширење на маркетиншки пораки може воедно да биде и средство за уметничко изразување. Во инсталацијата се  прикажани галерија ликови – 65 граѓани од различна возрасна, социјална, верска и полова структура.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска