(ВИДЕО) Вељановски: Со одлуката Македонија да нема свој претставник во трката за Оскар, Алаѓозовски и Заев ги понижија филмските работници

Од:

Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека катастрофалните трендови кои ја урнисаа македонската култура во изминатите четири месеци, кулминирале со последното тешко понижување на филмските уметници и македонската филмска индустрија со одлуката Македонија да нема претставник во трката за Оскар.

– Откако погази и понижи се што беше вредно во областа на заштитата на културното наследство – како основа на македонското достоинство, откако ја изложи на потсмев и презир македонската национална историја и откако се согласи на нејзина понижувачка ревизија од страна на соседите, Алаѓозовски и неговиот ментор Зоран Заев се нафрлија врз филмската фела. Со одлуката Република Македонија да нема свој претставник во трката за престижниот Оскар на Американската филмска Академија, Алаѓозовски и Заев ги понижија филмските работници во земјава и ја покажаа својата цврста решеност да нанесат удар и во овој сегмент од културното живеење, рече Вељановски.

Тој додаде дека покрај Лабина Митевска и Горан Тренчевски како режисери на двата национални претенденти за оскар, „Кога денот немаше име“ и „Златната петорка“, со македонското неучество во трката за „Оскар“, Алаѓозовски и Заев згазнале и врз достоинството на буквално сите филмски работници во земјава.

– Во прилог на ваквиот самоуништувачки однос на актуелниот владејачки естаблишмент кон филмската индустрија, говори и податокот дека буџетот за поддршка на филмски проекти годинава е намален за цели триесет милиони денари. Граѓаните на Република Македонија но и филмските работници многу добро знаат дека ваквите непромислени и самоуништувачки чекори за македонската култура ќе доведат до потполно уништување на филмската индурстија во земјава. Граѓаните со право се прашуваат кому тоа му пречи македонскиот филм и неговата промоција надвор од границите на државава. Само за потсетување во времето на владата на Никола Груевски во периодот од 2008 – 30 мај 2017 година завршени се вкупно 147 филмски проекти од кои : 112 со македонски мнозински удел и тоа 25 долгометражни и 87 краткометражни филмови, а уште 30 долгометражни и 5 краткометражни филмови каде Македонија има малцински удел, рече Вељановски.

Според него тоа е фрапантната разлика во состојбите со македонскиот филм од прес само четири месеци до сега, а паролата „Дојде живот“ се покажала како погубна за целата македонска култура, особено во делот на филмската уметност која доживеала драматични падови во сите нејзини сегменти.

– Почитувани, оваа насилна формирана влада многу бргу ќе го доживее својот крај. Со тоа ќе запре агонијата на целото општество вклучувајќи ја и културата како еден од неговите основни детерминанти. Првиот чекор за враќање на државата кон нејзините основни вредности ќе биде направен на 15 октомври кога со големата победа на локалните избори, ќе започне процесот на враќање на државата, рече Вељановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ