(ВИДЕО) Вељановски: Скандал без преседан е МОБ да доцни со исплата на странските уметници

Од:

Скандал без преседан е Македонската опера и балет со месеци да доцни со исплата на странските уметници кои хонорарно се ангажирани, а во исто време да се трошат илјадници евра на скапи репрезентации по ресторани и хотели, вели Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јапонскиот балетан Кенто Терашита е само еден од неколкутемина странски уметници кои хонорарно се ангажирани во Македонската опера и балет и на кои три месеци не им е исплатен заработениот хонорар. Терашита на својот фејсбук-профил, разочаран во врска со проблемот при исплатата, праша дали МОБ е професионална институција, дали ова е национална установа и дали оваа ситуација е нормална во Македонија“, рече тој.

Според Вељановски, недозволиво е уметник кој си го исполнил договорот и ја завршил работата за која бил ангажиран да чека со месеци да му биде исплатен хонорарот. Дополнително, додаде тој, скандалозен е фактот што истиот, поради недостиг на материјални средства, не може да оди на лекарски третман, иако е повреден на проба во институцијата којашто го ангажирала.

„ВМРО-ДПМНЕ цени дека скандалозните постапки и процедури при донесувањето на Годишната програма за работа во културата за 2018 година е главната причината зошто националните установи повеќе од три месеци се оставени без буџетска поддршка и не се во состојба да ги подмируваат елементарните обврски за работа“, рече поранешниот директор на Драмскиот театар.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ бара ресорниот министер, Роберт Алаѓозовски, да ја понесе комплетната морална и политичка одговорност не само за овој случај туку и за целокупните состојби во македонската култура.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против реформи во правосудството затоа што ќе нема место за оние на нивен телефонски повик како Кацарска, Трпков, Коцевски и Рускоска

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Петрушевски: Се гледа крајот на Трпков и Кацарска судството помогнати од партиските слуги како Коцевски и Русковска

Катерина Ѓуровски

Ако Рускоска обвинителството и Кацарска и Трпков судството беа поим за политизрана правда, тогаш Коцевски е нивниот сиамски близнак, вели ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС