(ВИДЕО) Теодор Целакоски: Во Македонија културните политики се заробени во политички клиентелизам и корупција

Од:

Дали во амбиент кога во Македонија има политички затвореници, меѓу кои и новинари, може да има култура што се мисли себе си и да биде свесна за културните разлики, како културата да се бори со корупцијата на политичарите и клиентелизмот, како да се влијае против ксенофобијата и расизмот, ова беа дел од темите за кои денеска говореа учесниците на конференцијата „Културлог“, во организација на „Мултимедиа“.

Се работи за завршна активност на проектот “Евалуација на културните политики и програмите финансирани од ЕУ како промотори на културна разноликост и интеркултурен дијалог на Балканот”.

Овој проект мапираше и истражуваше културни политики, стратегии и голем број проекти кои се занимаваат со интеркултурниот дијалог во повеќе земји, а наодите вклучуваат студии на случај, компаративни анализи на културните политики и програми, мапирање на проекти кои се занимавале со оваа тематика, како и случаи на добри практики.

– Во културната политика Македонија конкретно, постојат паралелизми, во јавната и во реалната политика. На хартија, во стратешките документи што ги разгледувавме постојат елементи на сериозни размисли за интекултурен дијалог и културна разноликост, но во реалноста имаме паралелен свет, имаме нешто што не одговара на таа стратегија. Реалната политика, особено онаа што се однесува на Скопје 2014 покажува моноетничност, затвореност, нетранспарентност, невклучување на сите граѓани, реле Виолета Симјановска, извршна директорка на „Мултимедиа“.

Според Ѓунер Исмаил, за прашањата на интеркултурен дијалог и културни разноликости тешко може воопшто и да се говори во една држава каде има политички затвореници, а меѓу нив новинари.

– Македонската култура денес не е субверзивна, во земја во која имате политички затвореници, немате култура која е субверзивна или не продуцира содржини кои имаат субверзивни вредности, тогаш работата е тешка и многу сложена. Малите култури ако се под окупација, како што е случај сега кај нас, тешко воспоставуваат дури и внатрешен дијалог со себе, или тој дијалог е заменет со некој дијалог со праисторијата и тогаш би било илузорно да очекуваме во амбиент на мала окупирана или под популистички режим – е можно да се воспостави меѓукултурен дијалог или пак културата да ги облагородува односите меѓу заедниците или социјалните групи, рече Исмаил.

Според Годфрид Вагнер, советник за европски прашања во Владата на Австрија, постојат и разлики и сличности помеѓу културните политики на земјите од ЕУ и на оние од Западен Балкан. Различноста, според него не треба да се сфаќа како закана.

– Имам чувство дека Македонија треба да биде многу внимателна со историјата, за да таа не го заземе целото општество, вели Вагнер.

Теодор Целакоски, а ктивист и културен работник од Загреб смета дека треба да се направат нови модели на владеење со институциите за да се избегне узурпирањето на јавната сфера и котупцијата.

-Овде во македонија гледам дека постои една голема потреба за конфронтација со еден неолиберален тип на развој, кој што е кај нас е на дело. Овде имаме еден процес кој е во доменот на политичкиот клиентелизам и на политичката корупција, вели Целакоски.

Конференцијата со истакнати учесници од балканските и европските земји како и од Македонија.

Еден од резултатите е порталот www.kulturlogue.org на кој се помесетни голем број документи од областа на интекултурниот дијалог и културните разноликости.

Конференцијата го одбележува крајот на двегодишниот проект, кој го иницираше „Мултимедиа“, со партнерите Австрискиот интернационален архив за културна анализа „Културдокументцион“ од Виена и „Акцијa“ од Сараево, а кој е помогнат од ЕУ Програмата Култура 2007-2013, Министерството за култура на Република Македонија, Фондација Отворено општество – Македонија и Швајцарската програма за култура во Западен Балкан.

IMG_4558

IMG_4444

IMG_4439

IMG_4546

IMG_4460

А.Б.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

ДПА: Десничарската опозиција слави победа на изборите во Македонија

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он