(ВИДЕО) Синдикат за култура до Канческа Милевска: Сфати ја разликата – Културата не е бирократија!

Од:

Со посмртен марш од Бетовен, со чадори на кои пишуваше: Сфати ја разликата: Културата не бирократија, синдикатот денеска пред Министерството за култура порача дека се против измените во законот за култура, според кои уметниците и вработените во другите институции во културата се сведени на административци.

Во период кога се подготвувал законот, министерството не ги известил сите културни работници, а уште помалку не побарале мислење и сугестии од тие на кои се однесува законот. Сега кога започнал со примена, сите утрвдиле дека законот има нелогични решенија и не е применлив.

– Нашата главна забелешка е дека уметниците не може да се оценуваат според остварен учинок. Со тоа културата ја прават бирократска. Кои се тие кои нас ќе не оценуваат? Ние како сценски уметници имаме три филтри за оценка, прво ние како музичари или актери самите меѓу себе си ги препознаваме перформансите и се оценуваме, потоа имаме режисери или диригенти кои во секое време можат некој од нас да го отстранат од проба, и на крајот, клучниот оценувач е публиката. А сега, со законот некој бирократи ќе го оценуваат нашето достигнување, вели Виктор Илиески, претседател на Синдикатот за култура.

За СОНК, Илиевски рече дека е марионета на Министерството за култура. СОНК денеска соопшти дека во тек се преговори за дефинирање на колективен договор за вработените во културата. Но тоа, за синдикатот на културата е само обид да се минимизира и спречи нивното делување.

Во обид да го спречи денешниот протест минситерката Канческа Милевска, вчера ги повикала синдикалците на преговори со уверување дека ќе ги анализираат нивните забелешки.

– Од Министерството ни велат дека сме само 3300 во културата, но уметниците се многу повредни од таа една бројка. Уметниците и културните работници знаат да привлечат големо внимание од огромен број луѓе, ние знаеме колку може луѓе да привлече само еден уметник, ние знаеме колку луѓе може да привлечеме вака обединети и колку нашата креација е посилна од сите вакви закони и сите вакви одредби. Следниот пат, ако ништо не се промени, ќе бидеме во многу поголем број, повеќе луѓе ќе се окуражат заради тоа што сега имаат големи притисоци и голем страв, да излезат и да го покажат својот револт, беше речено на протестот.

Во меѓувреме со соопштение се огласија Македонскиот народен театар и Театар Комедија, тие се оградуваат од Синдикатот за култура

„Македонскиот народен театар не го подржува и не стои позади штрајкот на новиот синдикат. Во моментов течат преговорите на најголемиот синдикат СОНК и Министерството за култура и многу брзо се очекува да се склучи новиот колективен договор. Синдикалната организација која што дејствува во МНТ е членка на СОНК.

Убедени сме дека СОНК и Министерството за култура за многу кратко време ќе се усогласат и предлог колективниот-договор ќе го дадат на јавна расправа и за релативно краток период ќе се потпише овој документ.“, стои во соопштението на МНТ.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ