ВИДЕО: Посмртен марш пред Министерство за култура

Од:

Синдикатот за култура денеска пред кабинетот на министерката Елизабета Канческа Милевска, го пушти Посмртниот марш од Бетовен, во знак на протест против измените во законот за култура според кој, како што велат, се сведени на административци, а не уметници.

– Целта на протестот е целосно повлекување на измените на Законот за култура донесени минатата година, зад грбот на сите вработени во оваа сфера. Со измените практично е погазено нашето достоинство како творци, двигатели и негувачи на креативниот дух во културата, а воедно е суспендирано и правото на колективно преговарање. Не се согласуваме нашиот труд и квалитет да биде оценуван од странци во комисии за избор и реизбор, не се согласуваме да бидеме вреднувани според „учинок“, не се согласуваме нашите плати да бидат однапред законски дефинирани со што се оневозможува елементарното право тие да бидат предмет на колективно договарање. Протестираме заради игнорантскиот однос на Министерството за култура, велат културните работници.

Во синдикатот за култура членуваат уметниците и вработените од Македонска филхармонија, Македонска опера, Македонски балет, Национален конзерваторски центар, Археолошки музеј, Музеј на современа уметност, Музеј на македонска борба, НУ за управување си арх.локалитет Стоби, Танец, Завод и музеј Штип, Македонски народен театар, Музеј на Македонија, Драмски театар, Реатар Велес, Национална библиотека и Биг Бенд МРТВ

А.Б.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ