(ВИДЕО) Политичарите во улога на библиотекари само 5 минути

Од:

Наместо предвидениот еден час да се соживеат со улогата на библиотекари, политичарите дојдоа во „Браќа Миладиновци“ евидентираа по двајца нови членови пред камерите, дадоа кратка изјава и заминаа. Тие и порачаа на јавноста да посвети повеќе внимание на читањето книги и масовно да се зачленува во библиотеките, а откако се сликаа, го напуштија местото на настанот.

Целта на овој хуманитарен настан „Подари книга, подари здравје“ беше за собирање пари од членарина, кои подоцна ќе бидат наменети за помош на Универзитетската клиника за детски болести.

На настанот присуствуваа синот и сопругата на претседателот Иванов, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, министерот за труд и социјала Диме Спасов. Иако беше најавено и присуство на годишената добитничка на титулата „Национален уметник“ Есма Реџепова, која ја очекуваа десетици фанови, сепак, нејзиното отсуство се надокнади само со ромска музика. Реџепова после два часа ќекање ги известила организаторите дека нема да присуствува на настанот. Во библиотеката не се појави ниту музичарот Зоран Џорлев, поради непознати причини.

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски истакна дека книгата треба да биде составен дел од нашиот живот.

– Сакам да им порачам на моите сограѓани да другаруваат со книгата, да читаат и да ги откриваат животните мудрости. Градската библиотека спроведува многу активности за привлекување нови членови, особено меѓу нашите најмлади – изјави Трајановски.

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, пак, упати апел до граѓаните да бидат што поблиску до книгата.

– Сакам да апелирам, се повеќе да се чита книгата, зашто друго е чувството кога ја имате пред вас, а друго е кога на интернет следите одредени изданија. Од огромна важност е да бидеме што поблиску до книгата и да ги читаме сите книги достапни до јавноста, рече Канческа Милевска и потсети на владините проекти „130 тома македонска книжевност“ – изјави Канческа – Милевска.

Акцијата „Читај книга подари здравје“ е дел од манифестацијата „Бела ноќ“ во организација на град Скопје.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ