Научници и експерти за уметност пронајдоа скриен портрет на едно од првите ремек-дела на Пикасо, објави „Бизнис Инсајдер“.
Станува збор за сликата „Сина соба“, а експертите со помош на инфрацрвена светлина под нејзината површина открија портрет на непознат маж насликан во вертикална композиција.
„Сината соба“ е изработена во 1901 година во текот на престојот на Пикасо во Париз и претставува почеток на неговиот син период на меланхолија.
Експертите сега ќе се обидат да откријат кој е мистериозниот маж на сликата.