ВИДЕО: Министерката Канческа-Милевска во работна посета на Штип и „Баргала“

Од:

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска денес беше во посета на Штип, каде што оствари средба со директорите на националните установи КЦ „Ацо Шопов“-Штип и Завод и музеј Штип, како и со градоначалникот на општината, Илчо Захариев.

На средбата беше разговарано за идните проекти од областа на културата што ќе бидат реализирани во Штип.

„Средбава ја остваривме во периодот кога тече конкурсот за доделување средства во областа на културата за следната година. Разговаравме за проблемите со кои се соочуваат институциите, како и за идеите за приоритетни проекти што би се финансирале следната година“, изјави министерката Канческа- Милевска.

kamcevskamilevska-bargala (1)

Министерката истакна дека е задоволна од досегашната работа на институциите од областа на културата што функционираат во Штип, бидејќи сите проекти што се финансирани од страна на Министерството за култура речиси во целост се реализирани.

kamcevskamilevska-bargala-01

„Разговаравме за сите наши приоритети. Ние имаме три институции штп се финансирани од Министерството за култура, кои имаат свои програми, но ние како општина имаме свои приоритети, а тоа е реставрација на старите објекти и згради, кои се наше културно наследство.

kamcevskamilevska-bargala (2)

– Во населбата Ново Село имаме четири вакви објекти и шест објекти на улицата ’Гоце Делчев‘. Се договоривме да аплицираме на објавениот оглас и верувам дека ќе добиеме средства со кои ќе обновиме барем две фасади во Ново Село“ истакна Захариев по завршувањето на средбата.

kamcevskamilevska-bargala (3)

Министерката го посети и археолошкиот локалитет „Баргала“ на кој во текот на изминатиот период беа вршени археолошки истражувања за кои се издвоени средства од страна на министерството.

kamcevskamilevska-bargala (4)

„Со финансиска поддршка од страна на министерството е реставрирана црквата Св. Ѓоргија во локалитетот Баргала. Обновена е конструкцијата на црквата и во целост е обновен фреско-живописот.

kamcevskamilevska-bargala (6)

Конзервацијата на фреско-живописот е доста автентично направена, така што оваа црква веќе го добива своето вистинско значење“, истакна Канческа-Милевска.

kamcevskamilevska-bargala (5)

Овој локалитет од неодамна доби и осветлување со цел да се зголеми бројот на туристи и во вечерните часови, а и да се заштити од дивите копачи, кои во неколку наврати предизвикуваа штети во рамките на овој локалитет.

kamcevskamilevska-bargala (7)

М.Р.

 

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање