(ВИДЕО) Макхмалбаф: Спомениците во Скопје не само што се грди, туку се и со сомнителна општествена вредност

Од:

Иранскиот режисер Мохсен Макхмалбаф е познат како еден од највлијателните светски филмски режисери на денешницата и водечка фигура на новиот бран во иранската кинематографија.

Тој денеска на прес конференцијата по повод неговото учество на Скопје филм фестивал, на новинарско прашање за спомениците во центарот на Скопје рече дека иако бил во повеќе од 250 светски метрополи – нешто вакво грдо – никаде не видел.

– Никаде не сум видел толку грда композиција на скулптури, тоа не е проблем само на уметничката копмпозиција, тие се и општествено проблематични. Да исечеш дрво за поставиш претстава на дрво, што е целта на тоа? Или што би значела скулптурата на Александар, тоа за мене е некој војсководец што ја нападнал мојата земја. Луѓето би требало да се препознаат во тие скулптури, треба да има скулптура на еден рибар или на еден работник од вашата земја. Но, мислам дека и народот тука е дел од проблемот затоа што ако на луѓето не им се допаѓаат спомениците а не наоѓаат начин да го артикулираат своето незадоволство и постои страв од тоа си покажува каква е ситуацијата тука.

На Скопскиот филмски фестивал беше прикажан новиот филм на Макхмалбаф „Претседателот“, приказна за еден диктатор и неговиот обид да се спаси од револуцијата.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ