ВИДЕО: Купи книга за 100 денари, понуда на издавачкиот центар Heroes

Од:

Новиот издавачки центар „Heroes“ наскоро со интересна понуда за широката публика- квалитетните книги ќе бидат достапни за прифатлива цена со што ќе се популаризираат хероите од разни книги кои во себе носат поуки за реалниот живот и учат за високи животни вредности.

За остварување на оваа мисија идавачкиот центар започнува со работа преку малку поинаков концепт и идеја од класична издавачка куќа. Книгите ќе се издаваат еднаш неделно и ќе им бидат достапни на читателите во сите градови и населени места во земјата каде се продава дневниот печат, односно ќе бидат достапни на повеќе од 750 продажни места. Покрај големата распространетост на книгите, тие ќе бидат и економски достапни на читателите, односно ќе можат да се набават по промотивна цена од 100 денари, доколку се купат заедно со дневен печат.

– Ние ќе се стремиме да го поттикнеме читателот во секого од нас, создавајќи привлечни изданија од повеќе категории, вклучувајќи популарна наука, прилагодени класици за рана возраст, илустрирани приказни, современи класици, популарна психологија, едукативни игри и загатки. Со само 15 минути одделени во текот на денот може да се прочитаат дури две книги месечно. Ве предизвикуваме да ги најдете тие 15 минути, а ние со нашата програма ви ветуваме дека ќе ги збогатиме вашите животи со многу интересни приказни и херои, велат од „Heroes“.

Издавачкиот центар ќе донира 5% од профитот од секоја продадена книга во обнова на библиотеки во домови за деца без родители, болници за деца со ретки болести, освежување на училишните библиотеки, групни домови низ државата и уште многу места кои ќе бидат заеднички мапирани со читателите.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска