Според режисерот Игор Иванов-Изи, филмската уметност кај нас е најзначајниот репрезент на нашата култура во светот.
„Иако има случаи што ја компромитираат македонската кинематографија, нејзиниот развој, поточно работата на професионалците не смее да биде сопрена, на начин што ќе ја загубиме поддршката. Секогаш сме се бореле да создадеме критериум и да ги отстраниме нерегуларностите во филмската дејност, но не смее сега мадите и талентирани филмски работници да имаат помала поддршка во име на тоа што некој работел нерегуларно и неквалитетно“.