(ВИДЕО) Античкиот локалитет „Хераклеа Линкестис“ доведен во алармантна состојба

Од:

Античкиот локалитет “Хераклеа” е доведен во алармантна состојба која според експертите се должи на незнаење, негрижа и несоодветно постапување со мозаиците од ова наше најзначајно културно наследство.

Употребувани се несоодветни подлоги, цементни, бетонски и синтетички материјали што предизвикуваат пукнатини кои можат трајно да ги уништат мозаиците. Алармираме дека ова се одамна напуштени и недозволени начини на конверзација и заштита на антички културни наследства, рече Роберт Алоѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Ги повикуваме одговорните институции, особено Министерството за култура и Градот Битола итно да консултираат стручни лица и да преземат дејства со кои ќе спречат понатамошно уништување на Хераклеа. Ова е вистинското културно наследство на Македонија, а не гипс барокот од катастрофата наречена “Скопје 2014”. Ова наследство е оставено да пропаѓа поради тоа што Министерството за култура не вложува во научни археолошки истражувања, ангажира градежни компании наместо конзерваторски центри и дозволува да пропаѓаат европски фондови добиени како грант во ова поле.

Мозаиците на Хераклеа се светско културно наследство. Тие сведочат за важноста на овој крај во времето на римската империја и на слоковит начин го прикажуваат преминот од многубоштвото кон Христијанство. Хераклеа е важна заради меѓународниот углед на Македонија, заради странските туристи, но Хераклеа им е важна и на битолчани.

Затоа, нашата советничка група вчера побара од Советот на Општина Битола итно да ја стави состојбата во Хераклеа како точка на дневен ред.

Затоа, најавуваме дека никогаш веќе нема да дозволиме културното наследство на Македонија да тоне во заборав и распаѓање. Наследството ќе го чуваме преку најсовремени начини на конзервација. Со закон ќе ги заштитиме сите споменици од национално значење и ќе вложуваме во нив врз основа на вредност и степен на загрозеност, а не врз основа на режимски и партиски идеологии како што е сега. Ќе воведеме обука на кадрите и нивна специјализација во сферата на конзервацијата и на реставрацијата. Ќе инвестираме во опрема и истражувања.

Времето на одговорност е само на чекор од нас – културното наследство на Македонија повторно ќе го добие својот сјај, рече Алаѓозовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март