Венецискиот „Златен лав“ за филмот „Од далеку“ на режисерот Лоренсо Вигас

Од:

Венецуелскиот режисер Лоренсо Вигас, со својот филм „Од далеку“, ја освои наградата „Златен лав“ за најдобро остварување на 72. Венециски филмски фестивал.

Освоената награда Вигас и ја посвети на својата земја, која минува низ период на политичка и економска нестабилност.

-Имаме некои проблеми, но ние сме многу позитивни. Ние сме еден неверојатен народ, изјави Вигас, пренесоа американските медиуми.

Наградата за најдобра режија ја освои, исто така, јужноамерикански режисер, Аргентинецот Пабло Траперо за трилерот „Клан“.

Наградата на жирито ја освои американскиот тандем Чарли Кауфман и Дјук Џонсон за анимираниот филм „Аномализа“.

За најдобра актерка на Фестивалот е прогласена Италијанката Валерија Голино за улогата во семејната драма „За твоја љубов“, а за најдобар актер е прогласен Французинот Фабрис Лукини за улогата во филмот „Хермелин“.

Би можело да ве интересира

„Најсреќниот човек на светот“ денес во Венеција, продадени сите карти

Филмскиот фестивал во Венеција почнува вечерва

Ана Ололовска

Почнува 76. издание на филмскиот фестивал во Венеција

Ана Ололовска

„Субверзија во црвено“ на Нада Прља македонски претставник на 58. Интернационална изложба во Венеција

Наум Локоски

Венеција: „Златен лав“ за филмот „Облик на водата“ на Дел Торо

Наум Локоски

Отворен 74. Филмски фестивал во Венеција

Ана Ололовска