Велешкиот театарски ансамбл ја изведе претставата „Последниот балкански вампир“

Од:

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа беше изведена премиерата на претставата „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски во режија на Александар Ивановски.

Ова е прва премиера од годинашната програма на велешкиот театарски ансамбл, а чија главна тема е манипулацијата со луѓето и информациите.

posledniot-balkanski-vampir

Ивановски појаснува дека „Последниот балкански вампир“ се обидува да ги сочува и одбрани достоинството како човек, како индивидуа, како свесно суштество исправено спроти репресивниот механизам.

– Низ својот карактеристичен фрагментиран говор, Дуковски ни отвара и ни развива атмосфера на гротескна параноја, изместување на границите на вистината и целосно мешање на чувствата и атмосфера изградени од страв,терор и несопирлив хумор. Сржта на драмската структура се движи по рабовите на гротеската и апсурдот, тензијата и олеснувањето, вели Ивановски.

Во претставата настапија актерките: Маја Љутков, Кети Борисовска, Слободанка Чичевска, Кица Ивковска, Славица Манаскова, Весна Димитровска и актерот Самоил Стојановски.

Сценографијата е на Дејан Трипуновски, а костимите на Александра Крнинова Груев. Инаку, овој текс на Дејан Дуковски во 1989 година ја имаше праизведбата токму на сцената на велешкиот народен театар.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање