Велешкиот театар во мај на три фестивали во странство

Од:

Во текот на месец мај Народниот Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес ќе настапи на три интернационални театарски фестивали во Бугарија и Русија.

Како што информираат од Народниот театар, на 15-ти мај со претставата „Шумата на моето дрво“ од Сашо Димоски, во режија на Александар Ивановски, а во копродукција со „Северно од Импакт“, театарот ќе настапи на Интернационалниот театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа“ во Благоевград, Бугарија. Во претставата настапуваат актерот Васил Зафирчев и композиторот Сашко Костов.

На 17-ти мај, театарот ќе настапи и на Интернационалниот театарски фестивал на претстави за деца „Волшебната завеса“ во Трговиште, Бугарија со претставата за деца „Волшебникот од Оз“ од Л.Френк Баум, во драматизација на Катерина Момева, а во режија на Александар Ивановски. Во претставата настапуваат актерите Талија Настова, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев, Марија Стефановска, Александар Велјановски, Маја Љутков, Кети Борисовска и Драгана Босниќ.

Од 25-ти до 31-ви мај, со комедијата „Вдовицата се мажи“ според „Мечка“ на Антон Павлович Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски, Театарот ќе настапи и на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика – Лобња“ во Москва, Русија. Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ