Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес вечер ќе гостува во Гевгелија со претставата „Ноќите во бел сатен“ во режија на Ненад Витанов, по текст на Братислав Димитров.
Соред Димитров, ликовите во пиесата говорат свој, а не негов текст.
– Се обидов да ги испитам границите на слободата на говорот, содржината и формата, а истовремено да не бидам насилен. Ваквата сизифовска амбиција во пракса обично е невозможна, но ние постојано треба да се обидуваме. „Ноќите во бел сатен“ е пиеса за осаменоста и паничната потреба од љубов, вели Димитров.
Претставата ќе се одржи во Народниот театар во Гевгелија. Во актерската екипа се Васил Зафирчев, Маја Љутков, Јордан Витанов и Зоран Љутков.