Вечерва во Охрид промоција на книгата „16 бугарски поети“

Од:

Во рамки на 29-тата Поетска ноќ во Велестово, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоција на книгата „16 бугарски поети – избор од современата бугарска поезија “. Промотор ќе биде проф. д-р Димитар Пандев.

Изборот на поезијата го направија: Јулијана Величковска, Славе Ѓорѓо Димоски и Зоран Јакимоски, а препевот е на Славе Ѓорѓо Димоски, Зоран Јакимоски и Игор Исаковски.

Со свои стихови ќе се претстават гостите од Р. Бугарија: Владимир Левчев, Аксинија Михајлова, Ани Илков и Поли Муканова, а препевот на македонски јазик ќе го читаат Јован Цветкоски и Леа Новеска од НАТГ „Аматер“ од Охрид.

Промоцијата започнува во 20:30 часот.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“