Вечерва во Музејот на современата уметност во Скопје предавање на Марк Басин

Од:

Вечерва со почеток во 19 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје, предавање ќе одржи Марк Басин, професор на Универзитетот „Содерторн“ во Стокхолм и визитинг професор на универзитетот „Упсала“, како и соработник на Шведскиот институт. Неговите истражувачки интереси се однесуваат на историјата на идеологијата, културата и политичката географија.

Предавањето со наслов „Политизација на пејсажот“ се однесува на семантичките потенцијали на уметничкото прикажување на природата за време на Соц реализмот во Русија. Ова подразбира дека покрај темите на индустриската обнова и општествена трансформција, природата претставува една од главните перокупации на уметниците, особено во периодот од 1930-тите до раните 1950-ти, кога „Сталинистичката политичка естетика“ тврди дека политичките и општествените вредности можат да се пренесат преку сликите на пејзажот.

Би можело да ве интересира

Повик за учество на уметници во проект за илустрации за родова еднаквост

Ана Ололовска

За Спасовден во Гевгелија се организира онлајн ликовна колонија

Ана Ололовска

Повикот за творби на тема „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“ отворен до 10 јуни

А1он

„Уметнички дневници“ нов проект на Националната галерија

Ана Ололовска

Ликовно-креативен предизвик за заштитата на планетата од отпадните батерии

Ана Ололовска

Македонскиот уметник Златко Крстевски твори и учествува на изложби поврзани со пандемијата

А1он