Вечерва во Музејот на современата уметност во Скопје предавање на Марк Басин

Од:

Вечерва со почеток во 19 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје, предавање ќе одржи Марк Басин, професор на Универзитетот „Содерторн“ во Стокхолм и визитинг професор на универзитетот „Упсала“, како и соработник на Шведскиот институт. Неговите истражувачки интереси се однесуваат на историјата на идеологијата, културата и политичката географија.

Предавањето со наслов „Политизација на пејсажот“ се однесува на семантичките потенцијали на уметничкото прикажување на природата за време на Соц реализмот во Русија. Ова подразбира дека покрај темите на индустриската обнова и општествена трансформција, природата претставува една од главните перокупации на уметниците, особено во периодот од 1930-тите до раните 1950-ти, кога „Сталинистичката политичка естетика“ тврди дека политичките и општествените вредности можат да се пренесат преку сликите на пејзажот.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска