Вечерва премиера на албумот- првенче на Кривопаланечкиот џез пијанист Гордан Спасовски

Од:

Првиот авторски албум на младиот македонски талентиран џез пијанист, композитор и аранжер од Крива Паланка, Гордан Спасовски, насловен „Light Pillar” ќе биде промовиран вечерва во 19 часот пред платото на МКЦ во рамки на петтото издание на манифестацијата “Today it’s all about jazz Vol5”.

Настанот е организација на Здружението на џез музичари и слободни уметници”, во МКЦ, поддржана од Министерството за култура, Град Скопје и Делегација на ЕУ.

Албумот на Спасовски е второ издание на ЗЏМ Рекордс и негов прв авторски албум.

-На албумот се вклучени осум џез композиции, од кои две соло пијано и еден вокално-инструментален спој во кој Џон Илија Апелгрен се јавува во улога на наратор на поемата “Надвор од времето” од збирката “Преместен камен” на реномираниот македонски поет Никола Маџиров, која остави траг во современите поетски текови. Останатите пет композиции се изведени со мојот стандарден трио состав – Кирил Туфекчиевски на контрабас и Виктор Филиповски на тапани, заеднички ја доловувјќи ја автентичноста и виртуозноста на современиот македонски џез призвук. Оваа ритам секција е често застапена на џез сцената и придружува повеќе македонски џез артисти и ансамбли, изјави Спасовски.

Вели, процесот на компонирање се одвивал во последните неколку години како сплет на различни музички искуства, потенцирајќи дека во државата има џез публика која го мотивира да твори.

-Сметам дека има џез публика во Македонија и токму таа е секогаш присутна како поддршка на проектите што ги реализираме. Со секоја наша нова изведба се надеваме дека ќе ги поттикнеме и оние кои можеби не се запознаени со македонската џез музика да се придружат и да ни дозволат да ги воведеме во парчето музика кое со многу љубов и желба го споделуваме на сцената заедно со моите колеги, додаде Спасовски.

Гордан Спасовски се јавува како целосен композитор, аранжер и продуцент на овој проект.

Спасовски во својата кариера има бројни настапи на дел од најзначајните европски џез фестивали како што се: Belgrade Jazz Festival, Trieste Loves Jazz – International Jazz Festival, Venezia Jazz Festival, Brasov International Jazz Festival, Skopje Jazz Festival, како и голем број концерти во престижните европски џез клубови како што се: Jazzclub Unterfahrt München, B-flat Jazzclub – Berlin, Blue Note – Osnabrücк.

Има настапувано со следните значаји музички имиња: Randy Brecker, Sheila Jordan, Don Menza, Владимир Николов, Мартин Ѓаконовски, Џон Илија Апелгрен како и со: Биг Бендот на ЗЏМ, The Backyard Jazz Orchestra, Cuckoo Rack, Гоце Стевковски – Септет, Џијан Емин и Магичниот оркестар, Македонската Филхармонија итн.

Уметничките дела кои се појавуваат на каверот на албумот се со потпис на Кирила Цветковска и Роберт Цветковски. Материјалот е снимен во Knobs keys n’ stuff студио од страна на Бојан Филиповски, додека за микс и мастеринг се погрижи Ангел Ќосев – The Basement studios.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска