Вечерва официјално се затвори МТФ Денови на комедија Куманово 2025 при што се доделија и наградите

Од:

Жирито на МТФ Денови на комедија Куманово 2025, 28 издание, во состав: Претседател: Александар Ивановски, и членови на жирито: Дубравка

Киселички, Петар Андоновски, Гергана Трaјкова и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки и награди:

Најдобра актерка – Рада Каирјакова, претстава „Постојаната сопруга“ (Сатиричен театар „Алеко Константинов“ Софија, Р. Бугарија);

Најдобар актер – Горѓи Јолески, претстава „Бог на колежот“ (Македонски народен театар – Скопје);

Најдобра споредна улога (женска) Јасмина Вучкова, претстава „Петок 13“ (Народен театар Струмица);

Најдобра споредна улога (машка) Благојчо Стојанов, претстава „Госпоѓа Министерка“ (Театар „Јордан хаџи Константинов“ – Велес);

Најдобра улога за млад актер – Никица Јанковски, претстава „Разбуди се Тина“ (Театар Куманово);

Најдобра сценографија – Нина Пашова, претстава „Постојаната сопруга“ (Сатиричен театар „Алеко Константинов“ Софија, Р. Бугарија);

Најдобра костимографија – Маријана Живковиќ, претстава „Покондирена тиква“ (Народен театар Пирот, Р. Србија);

Најдобра режија – Бојка Велкова претстава „Постојаната сопруга“ (Сатиричен театар „Алеко Константинов“ Софија, Р. Бугарија);

Најдобра претстава – „Бог на колежот“ (Македонски народен театар – Скопје);

Во чест на наградените се изигра и најновата претстава на Театар Куманово „Разбуди се Тина“во режија на Драгана Таневска, која имаше премиера ден претходно, во четврток.

Фестивалот во Куманово годинава го посетија повеќе од 7000 луѓе, љубители на театарот кои гледаа 10 театарски престави од Македонија, Бугарија и Србија.

Би можело да ве интересира

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов

Отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“

Импресивна изведба на шпанскиот тенор Елаис и италијанскиот пијанист Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво