На задоволство на најмладата публика пред преполната сала за која се бараше билет повеќе актерите изиграа маестрална изведба на претставата која ќе има долг век во Театар Куманово. Вечерва кумановскиот театар имаше премиера на претставата „Црвенкапа“
Претставата започна да се подготвува во текот на месец јуни и е со делумна финансиска поддршка на Министерството за култура.
Во претставата играа актерите: Александра Михајловска, Анастасија Величковиќ, Матеј Стојковски, Никица Јанковски и Владанка Крстевски. Режијата е на Никица Јанковски и Бојана Краљевска. Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Дарко Илиевски, музика Јован Цветковиќ и драматургија Сашо Костовски.
Вечната приказна за Црвенкапа, приказната за доброто и лошото, која се игра во сите театри беше вистинско освежување за најмалите на нашиот репертоар во Куманово.
Интересот за детските претстави е секогаш голем кај кумановската публика. Наскоро ќе биде закажана и првата реприза на претставата. Со претставата „Црвенкапа“ ќе се претставиме и на Фестивалот Малиот принц кој се оддржува во Штип од 18 до 20 септември.