Вечерва концерт на „Пламенка Трајковска квартет“ во Карпош

Од:

„Пламенка Трајковска квартет“ ќе настапи вечерва, во амфитеатарот на кејот на Вардар, во рамките на „Карпошово културно лето 2013“. Овој настан, како дел од шестата по ред едномесечна прослава на културата во Карпош, им е наменет на љубителите на звуците на класичните гудачки инструменти, но со поинаква интерпретација на музичките парчиња.

„Пламенка Трајковска квартет“, во кој покрај Пламенка учествуваат Тања Силјановска, Билјана Југова и Александра Петковска, е гудачка четворка, сочинета од две виолини, виола и виолончело. Нивните настапи се познати по мултимедијалниот пристап, енергичноста во изведбата на музиката и по динамиката на кореографијата. Целта на нивниот поинаков пристап е доближување на класичната музика до најшироката публика.

Манифестацијата „Карпошово културно лето 2013“, која почна вчера, а ќе трае до 5 септември, во својата богата програма нуди уште неколку настани кои ѝ ја презентираат музиката на публиката низ поинаква призма и со оригинален пристап, како што се концертот на џез-музика на „Симон Киселички трио“ со изложба на дела од Меѓународниот акварелен симпозиум, кој ќе се одржи на 23 август, и музичката кавер-вечер на Никица и Лаура, која е закажана за 20 август.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира