Вечерен танц со куклите во кратовско Куклица

Од:

На локалитетот Камени Кукли во Кратово вечер ќе биде одржан настанот „Вечерен танц со куклите“ во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно ризница“, Куманово.

Настанот е поддржан до Министерство за кулутра на Република Македонија, во рамки на програмата „Нов културен бран 2018“.

– Со години работиме на тема зачувување на културно-историското наследство на североисточниот регион, зачувувајќи ги и промовирајќи ги сите стари обичаи и адети и останати културни добра, доближувајќи ги до помладите генерациии, зачувувајќи ги од заборав. Со оглед на тоа што наши познати млади музичари се повеќе ги преработуваат во поп, џез и други стилови песните кои ние ги издадовме од овој крај на носач на звук, решивме да организираме настан на кој ќе се пее, музицира и ужива под ѕвездите на овој локалитет во вечерен амбиент, со цел и да го промовираме како дестинација, неодминлива за посетители, но и амбиент за одржување вечерни перформанси, изјави Драган јакимовски, претседател на „Етно ризница“.

Рече дека камените кукли изгледаат импресивно на вечерна светлина и повика што поголем број гости да с епридружат на манифестацијата.

– Ние покрај со Министерството за култура настаните ги организираме и во координација со Музеј на град Кратово, локалните самоуправи и советите на општините Кратово, Куманово. Потпишавме меморандум за соработка со Крива Паланка, во Старо нагоричане организиравме еден настан-промоција на песните, така што соработката со сите општини од Североисточниот регион е на одлично ниво, додаде Јакимовски.

„Етно ризница“ во соработка со Музеј на град Куманово веќе има снимено документарен етно-филм „Камените кукли раскажуваат“ кој се прикажа на неодамнешниот фестивал за документарни филмови во Кратово, а веќе е во официјална конкуренција на „Златна камера 300“.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска