В сабота седмо издание на „Крушево-етноград“

Од:

Од 25 јули до 2 август во Крушево ќе се одржи седмото издание на манифестацијата „Крушево-етноград“.

Според градоначалникот на Крушево Ѓорѓи Дамчески, градот ќе живеее со историските и културните традиции на кои, како што рече, крушевчани облечени како комити и Турци чорбаџии ќе ги потсетуваат посетителите.

– Пред седум години првпат го кренавме „Првото туристичко востание на Балканот“. Наместо топовите, грмнаа тапаните, наместо лелекот, писнаа зурлите. Комитите и аскерот го положија оружјето и седнаа заедно на маса да пијат кафе. Сиромашните и чорбаџиите заедно се насладуваа со вкусните крушевски јадења, народот илезе на улица и ја сардиса чаршијата. Крушевскиот „Етноград “ е манифестација со која Крушево стана препознатлив туристички бренд и неизбежен дел од туристичката понуда во Македонија, истакна Дамчески.

Ранко Петровиќ од радио „Буба Мара“, иницијатор на манифестацијата нагласи дека наредните 20 дена Крушево ќе биде центар на историската и културна понуда, по кое и Крушево е препознатливо.

– Единствено место во овој „напад“ на горештините во Македонија е да најдете рекреација, задовоство, да ја добиете револуционерната и историска приказна за Македонија, да добиете и богата културна понуда е историското Крушево, рече Петровиќ.

Директорот на Историскиот музеј-Крушево Зоран Богески најавува богата програма во текот на манифестацијата со обновување на старите крушевски занаети.

– Продолжуваме во духот на историската и културна традиција на Крушево. Проектот „Етноград“ опфаќа изложби меѓу кои за филигран од срма на Флора Педрони, презентација на домашни и еколошки производи, концерти на познати групи. Манифестацијата ќе биде отворена в сабота, на 25 јули во 20 часот, на градскиот плоштадд во Крушево, рече Богески.

Според градоначалникот Дамчески, сите капацитети се пополнети и се очекуваат голем број туристи.

– Крушево ја збогати туристичката понуда со културните манифестации, со првенствата во параглајдерство, во планинарство и едноставно е место каде посетителите сакаат да го поминат летото и да побегнат од горештините, потенцира Дамчески.

Би можело да ве интересира

Почина култниот режисер Дејвид Линч

Предраг Петровиќ

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ