В петок бесплатен онлајн стриминг на „Прашина“ на Манчевски

Од:

Поради вториот бран на коронавирусот во земјава и во пресрет на веќе воведените препораки како да се заштитиме, в петок на социјалните мрежи ќе биде споделен вимео линк на кој бесплатно ќе може таа вечер онлајн да се проследи играниот филм „Прашина“ во режија на Милчо Манчевски. Линкот и деталите ќе бидат споделени на официјалните страници на режисерот на фејсбук, инстаграм и твитер.

„Прашина“ е второто филмско остварување на Манчевски од 2001 година во кое главните улоги ги играат Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адриан Лестер, Роузмари Марфи, Ен Броше, Николина Кујача, Владо Јовановски, Петар Мирчевски и Јосиф Јосифовски, а музиката ја потпишува Кирил Џајковски. Директор на фотографија е оскаровецот Бери Екројд.

Приказната се распостила на два континента и низ три столетија, и во неа балканскиот див исток се судира со американскиот див запад, видено од призма на современиот Њујорк. Прашина, под мотото „Каде ли ти оди гласот кога веќе те нема”, е апотеоза на исконската потреба да се раскажува приказна и да се остави трага зад себе. Во САД ја следиме братската борба за љубовта на една жена, а на Балканот борбата на еден револуционер против Отоманската империја. Филмот е предмет на бројни културолошки анализи, есеи и расправи и на научната конференција на Универзитетот во Лајпциг во 2002 година, со што дополнително ја потврдува својата (уметничка, естетичка, културна) вредност.

Би можело да ве интересира

„Кајмак“ на Манчевски награден на фестивал во Палермо

Уште една награда за Милчо Манчевски, овојпат во Италија

Награда за „Кајмак“ на Манчевски во Калифорнија

„Кајмак“ претставен на Сараевскиот филмски фестивал

Предраг Петровиќ

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби

Сара Климоска најдобра актерка на Филмскиот фестивал во Сомбор