Утврдена програмата за Фестивалот на монодрама „Битола 2017“

Од:

Со претставата „Брачна игра“ во режија на Тони Михајловски, на 5 мај ќе почне Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“.

Центарот за култура ја утврди фестивалската програма. Изборот на монодрамските остварувања го направи селекторот, битолскиот актер и доајен на македонското глумиште Петар Мирчевски.

„Битола 2017“ е со натпреварувачки карактер, се одржува 19. пат, со поддршка на Министерството за култура. Ќе заврши на 9 мај со концерт на авторска музика за театарски претстави од композиторот Горан Трајковски.

Во претставата „Брачна игра“ настапуваат Весна Петрушевска и Игор Џамбазов.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“