Утре во ДПМ: „Епохата на естетскиот плурализам“- трибина посветена на акад. Милан Ѓурчинов

Од:

Друштвото на писателите на Македонија утре (вторник, 20 февруари), во 12 часот, организира трибина под наслов „Епохата на естетскиот плурализам – дебата за критиката“, во која ќе учествуваат акад. Влада Урошевиќ, д-р Елизабета Шелева, д-р Лидија Капушевска Дракулевска, д-р Соња Стојменска Елзесер и д-р Димитрија Ристевски. Трибината е посветена на акад. Милан Ѓурчинов, по повод 90-годишнината од неговото раѓање.

На отворањето на трибината, претседателот на македонската писателска асоцијација Веле Смилевски на академик Милан Ѓурчинов ќе му предаде Повелба на ДПМ по повод неговото 60-годишно членување во оваа асоцијација.

Како есеист, критичар, книжевен историчар, теоретичар и антологичар, Милан Ѓурчинов остави силен печат во сите позначајни фази од развојот на македонската литература, во времето на книжевната конфронтација, одбраната на модернистичките тенденции и промовирањето на книжевниот плурализам, до најновите литературни процеси од 21 век. Неговите Избрани дела објавени се во 10 тома.

Милан Ѓурчинов својот работен век го помина како професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Беше шеф на катедрата за славистика и покренувач и раководител на катедрата за компаративна книжевност.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска