Уништениот мурал на уметникот Павле Кузмановски наново насликан на платно и поставен во основно училиште

Од:

Муралот „Образование“ на академскиот сликар Павле Кузмановски кој беше премачкан со бела боја при реконструкција на гимназијата е репродуциран летово од авторот, како слика на платно и од вчера е поставена во основното училиште „Братство-Миѓени“-објект Спортски центар.

Муралот беше препознатлив белег на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ уште од 1966 година кога уметникот го направил сликајќи директно на еден од ѕидовите во зградата.

Откако медиумите објавија дека муралот е премачкан со бела боја уметникот добил покана од помошник директорот на основното училиште да направи нова слика.

– Во една брза, ефикасна и спонтана желба на повеќе луѓе во градот, училиштето „Братство-Миѓени“ и помошник директорот Небојша Арсиќ се појави кај мене со желба дали има можност тоа дело да се обнови во неговото училиште затоа што имаат такви простори. Се разбира дека тука имаше повеќе технички пречки, прво го видовме ѕидот дека е со стиропор и дека не би можело да биде од траен карактер па затоа се одлучивме на платно да биде тоа дело, објаснува уметникот.

Сликата е создавана во ателјето на уметникот изминатото лето. За авторот на 82 години ова беше голем предизвик повторно да успее да го создаде ова дело.

– Има димензии два со четири метри. Тоа дело захтеваше да биде спремано во моето ателје, ми требаше 40-тина работни дена. Се посветив цело ова лето и на среќа успеав да го вратам некако според фотографија од Зоран Андонов кој го снимил тоа дело од 1966 година. Добрата снимка преку која одлично беше зачуван муралот и врз база на тоа се направи не на ѕид, туку на платно.Тоа што беше работено на платно, а не ѕид беше уште поголем предзивик. Но, си го чини своето тоа што, желбата и способноста да можам на овие мои години да го направам и го направив. Предизвик беше и желбата да има нешто убаво и да краси одредено место, вели Кузмановски.

Тој го има создадено муралот во 1966 година како дипломец на Факултетот за применети уметности во Белград. Со одобрение на тогашниот наставнички колектив доброволно го создал муралот како пробна работа за неговата идна дипломска работа која ја направил шест месеци подоцна.

Уметникот Павле Кузмановски, роден 1939 година е еден од најпознатите македонски академски сликари.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска