Унгарската група „Фабула раса“ гостува на „Скопско лето“

Од:

На „Скопско лето“ вечер ќе гостува групата од Унгарија „Фабула раса“ која ќе изведе концерт на платото пред Универзалната сала. Шестчлениот состав е формиран во 2006 година.

– Во нивната музика се чувствува влијанието на унгарскиот и на балканскиот фолк. И покрај тоа, песните на групата се компонирани од самите членови. Нивниот трет албум се пробива како најдобар  во Унгарија во 2010 година и се вбројува во категоријата на светската музика, соопшти „Скопско лето“.

„Фабула раса“ ги има освоено најугледните унгарски музички награди, Фонограм-наградите. Сега работат на својот четврти албум.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022