УНЕСКО, во соработка со Светскиот еврејски конгрес, денеска отвори нова интернет-страница со факти за Холокаустот, чија цел е да се осуетат обидите за негирање на прогонот над Евреите и ширење на антисемитизмот.
Генералната директорка на агенцијата на ОН за култура Одри Азуле и претседателот на Светскиот еврејски конгрес Роналд Лаудер денеска свечено го отворија интерактивниот сајт „Факти за Холокаустот“ во седиштето на УНЕСКО.
На таа интернет-страница може да се најдат историски информации за Холокаустот, вклучувајќи сведочења на преживеаните. Покрај тоа, страницата е поврзана со онлајн енциклопедијата на американскиот музеј, посветен на Холокаустот.
Веб-страницата е отворена пет месеци откако УНЕСКО ги објави првите едукативни насоки на ОН во борбата против антисемитизмот, а потребата доаѓа поради „растечката омраза и дезинформации на интернет“.