Уметникот Крстевски со меѓународна награда од Фестивал во Турција

Од:

Уметникот, карикатурист и стрип-мајсторот Златко Крстевски е добитник на специјална награда од меѓународниот „Икчу арт фестивал“ што се одржа во турскиот град Измир.

На Фестивалот на тема „Тиркизно“, Крстевски учествуваше со свое дело, а наградите ги додели Факултетот за уметности и дизајн од Измир при Катип Челеби Универзитети од Турција. Учествуваа уметници од повеќе земји од светот.

Напоредно, Крстевски со свое дело учествува на изложбата во централната галерија „Гил“ во полскиот град Краков, што е по повод 100 години од раѓањето на Станислав Лем, познатиот писател на научна фантастика, филозоф, есеист и футуролог. Изложбата трае е од 17 декември годинава до 20 јануари 2022 и на неа учествуваат 139 уметници од повеќе земји, меѓу кои и од САД, Чешка, Јапонија, Мексико, Италија и Турција.

– Уметниците креираат специјални минијатурни дела, дизајнирани рачно и лично потпишани за поставката „Луна Евентуалние Марс 100 Лем“. Делата се слики, графики, стрип-цртежи, инспирирани од творештвото на познатиот писател на научна фантастика , Станислав Лем. Јас учествувам со две дела, стрип-цртежи. Сите дела ќе бидат дел од „The first galactic exhubition on Mars“, вели Крстевски.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска