Уметник црта само додека спие

Од:

Ли Хадвин (37) поседува несекојдневен талент, овој уметник црта фантастични портрети додека спие. Имено, последниот цртеж кој го нацртал беше портретот на Мерилин Монро кој го „затекнал“ утрото покрај неговиот кревет.

За неговата чудна способност дознал уште на четири години, кога првпат цртал во сон. Од тогаш, покрај креветот секогаш остава молив и хартија доколку во сон добие испирација, приборот да биде подготвен.

Овој единствен уметник страда од силна мигрена, така што поголемиот дел од денот го преспива, што му оди во прилог на остварување на неговата уметност. Дури во едно интервју призна: – Моите дела се ужасни кога ги цртам разбуден.

Неговите совршени дела ги купуваат многу славни личности, меѓу кои и Доналд Трамп и илузионистот Дарен Браун.

Сите негови цртежи, Хадвин ги поставил на иБеј и ги продава за милион долари, меѓутоа експертите го советуваат дека би можел да ги продава за многу поголема сума. Сепак тој не отстапува, главна цел на оваа продажба му е подарување на половина милион на домовите за деца без родители.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска