Македонското здружение за култура, обичаи и традици „Гороцвет“ Скопје и Амбасадата за Мир-Македонија во пресрет на Денот на жената – 8 Март, денеска во ОУ „Кочо Рацин“ во с.Петровец, Скопско, организираат уметнички хепенинг „Жената на село – производителка на храна“.
Со културно уметничка програма ќе настапат учениците од училиштето и истакнати поети, а на ликовна работилница сликарот и хуманист Живко А. Поповски-Цветин пред децата ќе создава ликовни творби кои потоа ќе им бидат подарени на вредните жени – земјоделски производители.