Уметницата Валентина Илијевска на Меѓународна ликовна колонија во Египет

Од:

Уметницата Валентина Илијевска од Куманово учествуваше на Меѓународна ликовна колонија во Египет посветена на манастирот „Габел Ел Таир“.

Колонијата ја организираше Универзитетот во Миниа, а освен уметницата од Македонија, учествувале уште дваесетина уметници од Аргентина, Тунис, Индија, Јордан, Литванија. Уметниците креативно работеле десетина дена со попатни патувачки изненадувања и запознавање на убавините на древната култура и уметност. Колонијата завршила со изложба на делата што ги создале уметниците од различни држави.

– На оваа ликовна колонија ни беа доделени само две слободни сликарски платна кои можеме да ги насликаме, по можност да бидат инспирација од самиот манастир. На крајот имавме завршна изложба, што беше отворена во самиот универзитет Миниа, во градот на Акенатон и на Нефертити, рече Илијевска.

Ликовната колонија, вели Илиевска, била можност за размена на искуства меѓу учесниците.

Поддршка за учеството на меѓународната ликовна колонија во Египет Илијевска доби и од градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски. Инаку, Илијевска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на одделот за графика и графички техники, а магистар е по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. Учествувала на групни изложби и колонии во Македонија и во странство и реализирала бројни самостојни изложби.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска