Турска донација за Битолскиот музеј – инструмент канон стар 80 години

Од:

На НУ Завод и Музеј-Битола денеска и беше предаден оригинален музички инструмент канон, стар 80 години, на кој музика слушал Кемал Ататурк и поради тоа ќе биде сместен во неговата спомен-соба во музејот. Инструментот го донираше делегација од турскиот град Измир, предводена од претседателот на општинскиот Совет Аднан Хоџаоглу, во придружба на македонскиот амбасадор во Турција Горан Тасковски.

Донатор на канонот е Емре Озерхан, колекционер од Измир, кој наскоро ќе допатува во Битола за да ја посети Спомен-собата на Мустафа Кемал Ататурк, соопшти амбасадорот Тасковски.

– Станува збор за музички инструмент канон,  еден од најомилените на Мустафа Кемал Ататурк, од кој редовно слушал најразлични музички нумери и во разни пригоди. Овој инструмент од денес ќе биде сместен во Собата на Кемал Ататурк во Битола и јавноста и,  секако, туристите непречено ќе може да го гледаат овој инструмент, истакна амбасадорот Тасковски.

На доделувањето на инструментот, кој од денеска ќе се чува во НУ Завод и Музеј-Битола, водачот на турската делегација Аднан Хоџаоглу истакна дека подарокот ќе биде во местото каде што припаѓа – собата на Кемал Ататурк.

– Приватниот колекционер одлично го сочувал овој инструмент со кој се свирело насекаде, а посебно на местата каде Кемал Ататурк подолго престојувал, посочи Хоџаоглу.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска